Засадете дрво заедно со рециклираните лампиони на Treebanks!

Македонскиот стартап Treebanks повторно пронајде нов начин да нè поттикне да засадиме дрво, овој пат во духот на новогодишните празници. Имено, со купувањето на сет од Treebanks лампиони не само што ќе го збогатите изгледот на вашата елка, туку и ќе придонесете за подобра животна средина!

И не само што изгледаат супер симпатично на вашата елка, лампионите се тука и да ве потсетат на важноста на рециклирањето и циркуларната економија. Секој лампион е направен од стара внатрешна врата, па нивната несовршеност ја отсликува убавината на повторното користење на материјалите наместо сечењето на нови дрвја во креирањето на разни производи.


Сетот Treebanks лампиони можете да го купите на официјалниот настан


 

“Treebanks лампионЧЕ афтерворк и понатаму” што ќе се случи во кафе бар “Че” на 20.12.2019 (Петок) почнувајки во 17:00 до крајот на вечерта. Или, да го нарачате преку чат бот.


Инаку, Treebanks е платформа преку која можете да го резервирате вашето патување, а тие да засадат дрво во тоа име, преку партнерството со разни сервиси за резервирање на сместување, како што е booking.com. Неодамна ја надополнија нивната понуда и со кул маички, а за секоја купена маичка вие придонесувате за садење на едно дрво.

Повеќе информации погледнете на нивната веб страна treebanks.com и на официјалниот настан каде ќе бидат презентирани лампионите “Treebanks лампионЧЕ афтерворк и понатаму”!

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …