(ВИДЕО+ФОТО) „Еден на Еден“ ги угости глумците од „Дајте музика“ и „Гласна куќа“

Во недела, од 18.30 на Канал 5, гости ќе бидат главните актери од детската серија „Дајте музика“, заедно со тинејџерите од серијата „Гласна куќа“.
Атмосферата на снимање на шоуто „Еден на Еден“ со Жаре одамна не била толку весела.


Јован, Наташа, Филип, Кики, Саша и Тео ги раскажаа сите забавни случки од снимањето на серијата, а и тие самите имаа интересни прашања и предизвици за Жаре. Јован го покани заедно да изиграат оро, Саша му нацрта оригинален портрет, Филип направи специјален стрип со сите во студиото како супер-херои, Анастасија и Тео донесоа рачни изработки, а Кики облечена во кимоно покажа професионална ката. Ќе гледаме и интересно гитарско дуо со Филип и Јован.


Поголемите колеги на „Дајте музика“, тинејџерите од „Гласна куќа“, Кристина, Кристијан, Софија, Јована, Никола, Мина и Давид изглумија еден специјален скеч од серијата.


Одблиску, доживувањата со малите глумци ќе ги раскажат и Весна Бејби Петрушевска и Цаци Паковска. Најавата за емисијата повеќе ќе ни открие што ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Нова трансформација – Актерката од серијата „Сексот и градот“ е речиси непрепознатлива, за се се виновни естетските зафати

Ким Катрал ја глумеше Саманта во култната серија „Сексот и градот“ и благодарение на таа …