Предупредување за сите оние кои користат непроверени совети од популарната социјална мрежа…
Лицето на реалната sвезда Тили Витфелд, која се прославила со учеството во австралискиот „Големиот брат“, е покриено со рани и лузни. Последица на тоа е „советот за убавина“ што го видела на социјалната мрежа ТикТок, а што ја чинел да оди во болница.
Имено, таа видела од девојка на ТикТок дека лузни од акни и слични неправилности на кожата може да се решат со акупунктура, што се прави дома.
Бидејќи и самата имала неколку лузни, Тили го испробала тој „трик“.
Половина час по третманот, таа завршила во болница поради привремено губење на видот, огромен оток и инфекција.
„Моето лице никогаш не било толку црвено и воспалено“, изјавила таа за странските медиуми, предупредувајќи на опасностите од третманите за убавина „направи сам“.
View this post on Instagram
„Не слушајте совети што препорачуваат да направите нешто дома што треба да го сторат експерти и лекари“, рекла Тили.
Фото: Принтскрин/Instagram