ВОЗДУХОТ ЛЕТА 160 KM/Ч НИЗ НОЗДРИТЕ ДОДЕКА КИВАМЕ: Никогаш не го прекинувајте, бидејќи тоа предизвикува големи здравствени проблеми!

2. Важна е хигиената на носот
ВИСТИНА – Слузницата на носот е првата линија на одбрана против повеќето причини за воспаление на дишните патишта, па несомнено е од голема важност да се одржува чистотатана носот. Носот е прочистувач на воздухот што го користи нашето тело. Кога ќе влезе во носот, воздухот се загрева, се навлажнува и чисти од честички и бактерии, така што до белите дробови стигнува посвеж, потопол и повлажен.

3. Бактериите кои ги исфрламе со кивање можат да стигнат далеку
ВИСТИНА – Микробите што ги прскаме на околината кога киваме можат да стигнат доста далеку. Некои податоци покажуваат дека тие се прошириле на растојание од десет метри. Исфрламе по 40.000 капки при секое кивање, затоа задолжително ставете марамче на носот и устата кога кивате.


This image has an empty alt attribute; its file name is kivanje-2.jpg

4. Нормално е да се кивне неколку пати по ред
ВИСТИНА – Лошите честички не истекуваат сами од носот и затоа понекогаш е потребно неколку пати да кивнеме за успешно да се исфрлат од носните канали.


5. Невозможно е да се кивне со отворени очи
ВИСТИНА – Сакале или не, очите секогаш ќе ни се затвораат кога ќе кивнеме. Една од пораките што мозокот ги добива при кивањето е дека треба да се затворат очите. Тоа е несакан рефлекс.

6. Ладниот воздух предизвикува кивање
ВИСТИНА – Ненадејниот премин од топла соба во студена или надворешна температура и обратно, доведува до бурна реакција на малите крвни капилари на кожата на лицето, мукозните мембрани на носот, грлото и фаринксот. Капиларите се шират и се собираат, а како резултат на тоа доаѓа до иритација на кивање, кое може да премине во силна кашлица. Има и зголемено лачење од носот. Ладниот воздух влијае на дишните патишта, ги провоцира, ги затегнува бронхиите и предизвикува напад на астма.


This image has an empty alt attribute; its file name is korona-ili-grip.jpg

7. Срцето накратко престанува да работи кога киваме
ЗАБЛУДА – Срцето не ви прескокнува, ниту престанува кога кивате. Може да ја забави работата, но за кратко, бидејќи повеќето луѓе вдишуваат длабоко пред да киваат, но не ни забележуваат дека нивното срце за кратко чука побавно.

8. Кивањето открива каква личност сте
ВИСТИНА – Гласно и експлозивно кивање во повеќето случаи доаѓа од личност која е отворена и демонстративна. Од друга страна, срамежливите луѓе ќе се обидат да престанат да киваат, па тоа ќе биде многу потивко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …