Во вторник повик за субвенции за чистење оџаци – Аплицирајте онлајн

 Градот Скопје во вторник (20.04.2021 година) ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.


Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2021 година или до реализирање на средствата во износ од 1 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.


Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018, 2019 и 2020 година, кога беа доделени околу 1000 субвенции.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …