На погребот на принцот Филип, Кејт Мидлтон се појавила со накит што носи скриена порака за солидарност.
Кејт пристигнала во Виндзор, на погребот, со ѓердан, кој и припаѓал на кралицата Елизабета Втора, со дијамантски обетки и во црн костум. Тој ѓердан и обетки од истиот сет биле знак на солидарност со кралицата, а принцезата Дајана некогаш носеше ист скапоцен „чокер“.
Кејт го носела овој комплет накит во неколку наврати, а се вели дека кралицата го добила како подарок кога се омажила за принцот Филип во 1947. година.
View this post on Instagram
Во изминатите години, Кејт многупати го позајмувала накитот на кралицата, а за вчера избрала парчиња кои имаат посебна сентиментална вредност.
Погребот на сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, кој почина на 9. април, на 99-годишна возраст, се одржува вчера во замокот Виндзор.
View this post on Instagram
На погребот присуствувале најмногу 30. лица во согласност со мерките против епидемијата на вирусот корона кои во моментов се на сила во Велика Британија.
Самиот принц Филип претходно изјавил дека сака скромен погреб.
Фото: Принтскрин/Instagram