Најдобрите фотографии од престижниот натпревар World Press Photo 2021 даваат слика за светот во кој живееме денес – запрен од пандемии, протести, човечка ароганција кон планетата, но и трогателни моменти на надеж и хуманост.
Главната награда World Press Photo за 2021 година му припадна на данскиот фотограф Мадс Нисен, кој ја овековечи прегратката на 85-годишна штитеничка во дом за стари и немоќни и медицинска сестра во Сао Паоло, по долга изолација.
Фото: World press photo/Мадс Нисен
„Таа симболична слика на ковид-19 го слави споменот на најубавиот момент од нашите животи, насекаде“, рекол Кевин Ли, член на жирито. Фотографијата, според жирито, истовремено покажува „ранливост, раздвојување и преживување“, а исто така е симбол на „надеж“.
Повеќе од 74.000 фотографии од околу 4.300 фотографи од целиот свет пристигнале на натпреварот, а 45. од нив биле именувани од членовите на жирито, според организаторите на натпреварот, со седиште во Амстердам.
Погледнете повеќе наградени фотографии.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram