ВНИМАТЕЛНО ОДМЕРЕНИ ПОСТАПКИ: Откако покренале тужба, Меган и Хари се одлучиле на голема животна промена

Принцот Хари и неговата сопруга Меган купиле и се преселиле во нов дом во Монтетито кај Санта Барбара, скап крајбрежен град северно од Лос Ангелес, јавуваат американските медиуми.
Војводата и војвотката од Сасекс, кои ја напуштија британската кралска должност минатата година, претходно живееле во нејзиниот роден град Лос Анџелес, каде набрзо „се фрлиле“ во судска постапка за нелегалните фотографии на нивниот син Арчи.
„Двојката се пресели во семејниот дом во јули годинава“, изјавил нивниот портпарол за АФП, без да ја прецизираат локацијата на куќата.


„Тие се надеваат дека нивната приватност ќе се почитува заради нивните соседи, но и нив како семејства“, додал портпаролот.
Според „People and Page Six“, нивниот нов дом е во областа Санта Барбара на околу 150 милји северно од Лос Ангелес. Во тој град живеат и Опра Винфри и Елен Деџенерис.
Имотот во Монтечито, во кој имаат куќа со девет спални соби и 16 купатила, базен, игралиште и градина со рози, го платиле 14,65 милиони долари, објави Page Six.
„Тие сакаат да го одгледаат Арчи таму и да се надеваат дека ќе имаат што е можно понормален живот“, изјавил анонимен извор за „Page Six“.
Изворот додал: „Хари и Меган никогаш не планираа да живеат во Лос Ангелес“.



Двојката поднела тужба во Лос Анџелес, во јули, против папараците обвинети за фотографирање на нивното дете без дозвола.
„Двојката неодамна дозна дека некој ги продавал фотографиите на нивниот 14-месечен син Арчи, кои биле направени, според изворот, кога неодамна се појавиле во јавност во Малибу“, се вели во судската постапка за повреда на приватноста.
Фотографиите се направени додека биле во дворот на сопствената куќа и без нивно знаење, се вели во тужбата.


Војводата и војвотката од Сасекс се преселиле во Калифорнија од Канада, откако во јануари објавија дека имаат намера да се повлечат од кралските должности и да работат за да обезбедат финансиска независност.
Маркл и Хари рекле дека сакаат да направат нешто во Калифорнија што е важно и има смисла, и тие имаат намера да ја покренат непрофитната организација, Archewell.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …