ТАЈНА ЛОКАЦИЈА – „Металика“ го најавила првиот концерт за оваа година

Ова ќе биде нивниот прв настап по концертите „S&M2“ што ги одржаа во септември минатата година
Легендарната „Металика“ објави дека ќе го одржи својот прв концерт оваа година. Концертот ќе биде снимен на тајна локација во близина на нивното седиште во Северна Калифорнија, а ќе се емитува на стотици drive-in локации на отворено низ САД и Канада на 29 август.
Ова ќе биде нивниот прв концерт по концертите „S&M2“ што ги одржаа во септември минатата година. Бендот требаше да замине на турнеја во Австралија и Нов Зеланд, но тие се откажаа поради заминувањето на фронтменот Џејмс Хетфилд на рехабилитација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ ГОЛЕМ КОНЦЕРТ НА ПЛАТОТО НА УКИМ: МАКЕДОНСКИТЕ ХИТОВИ ДОБИВААТ НОВО РУВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Скопје утре ќе биде домаќин на уникатен музички спектакл! Со почеток во 20 часот, платото …