Викторија и Дејвид Бекам ограбени – крадците упаднале додека парот бил во куќата

Во кражбата во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон украдени се работи вредни неколку илјади фунти, објавија британските медиуми.
Се верува дека кражбата во куќата на брачната двојка во Кенсингтон се случила додека во неа биле Бекамови со нивната 10-годишна ќерка.
Според странските медиуми, кражбата не била откриена додека неговиот син Круз Бекам (17) не се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбена спална соба.
На полицијата ѝ било кажано дека се украдени неколку предмети.
Се уште нема уапсени, а истрагата продолжува.
Според странските медиуми, меѓу украдените предмети има дизајнерски и електрични предмети во вредност од неколку илјади фунти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …