(ФОТО) Брус Вилис веќе две години се бори со афазија: „Двојниците му помагаа во снимањето филмови“

Брус Вилис две години се бори со болеста, а последните филмови ги снимил со помош на двојник.
Со него биле и членовите на семејството за да му го олеснат снимањето, дознаваат странските медиуми.
Некои од филмовите на кои работел во споменатиот период се: „American Siege“, „Survive the Game“, „Cosmic Son“ и „Hard Kill“. „Сите знаеја дека има когнитивни потешкотии. Користеше бубачки бидејќи не можеше да се сети на текстот.
Снимањето стануваше се потешко и потешко“, вели неименуван извор.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)



Тој исто така открил дека двојниците му помагале на Вилис во секакви сцени, не само во акција.
На еден филм работел само три дена бидејќи се чувствувал многу лошо.
Некои режисери му излегле во пресрет, па решиле да снимаат во близина на неговата куќа.
За жал, одамна е очигледно дека не е способен да глуми.

View this post on Instagram

A post shared by Bruce Willis (@dobledebruce)



Потсетуваме, семејството на актерот објави дека се повлекува од светот на актерството бидејќи страда од афазија, односно нарушувања на говорот. Оваа болест може целосно да му ја одземе можноста за комуникација, но се уште не се знае дали неговата здравствена состојба е во толку тешка фаза.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …