(ФОТО) ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Новороденче со две глави, три раце и две срца

Шахин Кан и нејзиниот сопруг Сохаил очекувале два целосно формирани близнаци, но биле шокирани кога на 28. март во Ратлам, во индиската држава Мадја Прадеш, Шахин родила бебе со две глави, едно торзо, три раце и две срца.
Оваа состојба е позната како дицефаличен парапагус – каде што две новороденчиња се поврзани со едно торзо – и често резултира со мртвородено бебе, пренесува Daily Mail.
Меѓутоа, по некое чудо, овие сијамски близнаци досега преживеале и биле примени во болница во блискиот град Индоре за да ги следат лекарите. Шахин останала во окружната болница Ратлам.
Ваквите случаи се ретки и состојбата на бебето останува неизвесна особено во првите денови, изјави еден од лекарите д-р Лахоти.
– Затоа ги држевме под надзор. Не планиравме никаква операција на пациентот – додал тој.


Овој случај се случил по оној од 2019. година, кога 21-годишна жена родила бебе со две глави и три раце, исто така во Индија.
Според локалните извештаи, им било кажано дека очекуваат сијамски близнаци во 35-та недела од бременоста. Меѓутоа, по царскиот рез дочекале „бебе со две глави“. Таткото тогаш рекол дека тоа е негово дете и дека ќе го воспитува и покрај се.
Сличен случај се случи во Индија во 2017. година. Две момчиња се родени со оваа состојба, повторно во Индија, во 2017. година, но, за жал, починале само 24. часа по раѓањето. Веднаш биле ставени на респиратор, но лекарите ги предупредиле родителите дека нивните шанси да преживеат се „безнадежни“.
Сијамските близнаци, тешки 3,7 килограми, имаа заеднички црн дроб и пар екстремитети, но имале одвоени бели дробови и срце. Лекарите откриле дека нивната мајка и татко ги молеле да ги спасат нивните деца, но рекле дека „таквите деца не преживуваат“. Објасниле и дека доколку живеат, нема да има можност за операција на разделување.
Д-р Санџеј Бансоде, шеф на одделот за гинекологија, рекол дека близнаците се родени здрави, но лекарите знаеле дека немаат шанси да преживеат.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …