Викенд временска прогноза:Нова промена на времето и врнежи!

За време на викендот следува нова промена на временската состојба поточно, ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд на повеќе места. На некои места особено во западните предели повторно се очекуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи каде локално ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 30 л/м2). Снег ќе пага само на највисоките планини (над 2000 м.н.в).
Во сабота ќе дува слаб до умерен а во недела умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен правец. Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7. до 15. степени во сабота додека во недела од 11. до 19. степени и тоа поради јужниот ветер и јужното воздушно струење.
Од вторник (14.11.2017) барем според моменталните анализи северен ветер, заладување и врнежи од дожд и снег, наведуваат од  meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …