(ФОТО) Рецепт на денот: Киш од праз и сланина на Гордон Ремзи


Потребно е:

200 г сланина


маслиново масло за пржење
2 страка праз, ситно исечкан

4 јајца


4 лажици полномрсна павлака

100 г гриер,ситно рендан


2 лажици сечкан магдонос

морска сол

мелен црн пипер

Тесто:

200 г обично брашно

малку сол

100 г путер, на собна температура

Подготовка:прво подгответе го тестото – исејте го брашното и ставете со солта во соодветен сад. Со прсти втријте го путерот, измешајте со брашното.Тестото треба да биде лесно и воздушесто.Кога ќе личи на фини лебни трошки соберете го на работна површина додека не се формира мазна,цврста топка. Завиткајте во прозирна фолија и оставет во фрижидер на 20 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Калап за печење сообем од 25 см и страници што се вадат намачкајте со путер.
Со брашно наросете работна површина и тестото расукајте го на дебелина на паричка (околу 3 мм.). Со тестото обложете го подготвеното тавче, по дното и страните. Со вилушка избоцкајте го дното и повторно префрлете во фрижидер на 10 минути. Изладеното тесто покријте го со хартија за печење и наполнете со кермачички топчиња, грав или ориз. Ставете во загреана рерна и печете десетина минути додека тестото не добие златно – црвена боја. Исечете го одвишното етсто со остар нож и оставете на страна.
Во меѓувреме исечкајте ја сланината и во голем тиган пржете 3 – 4 минути додека не ја промени бојата и не стане скоро крцкава.Додајте го празот и сотирајте 3 – 4 минути додека не омекне и убаво се испржи. По потреба исцеете ја одвишната маснотија.
Сланината и празот (без масло) ставете ги во соодветен сад, додајте ги јајцата и павлаката, зачинете со сол и црн пипер, вмешајте 3/4 од гриерот а потоа додајте и магдонос. Пробајте и по потреба зачинете. Смесата истурете ја врз тестото од кое ја отстранивте хартијата и оризот.
Израмнете и по порвшината наросете го останатиот гриер. Ставете повторно во рерна загреана на 200 степени и печете 15 – 20 минути додека кишот не добие златно – жолта боја.
Извадете го кишот од рерна и почекајте малку да се излади пред сервирање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата

Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање …