(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕШКАТА ЈОГА ГО ЗАГУДЕЛА СВЕТОТ – ГУРУ ВО ГАЌИ: Бил милионер, армија жени го обожувале, а потоа се открило дека крие МРАЧНА ТАЈНА!

Бикрам Чудури некое време бил чудо во светот на јогата. Милиони низ целиот свет, претежно жени, ги следеле неговите вежби и во него виделе не само инструктор, туку и исцелител.
Чудури е самопрогласен креатор на таканаречена топла јога, во која вежбањето се изведува во просторија загреана до 40 степени.
Тој се залагал за љубов, среќа и мир, наводно исцелување на болните и давање надеж на изгубените.
Сепак, сето тоа било фасада.


Новиот документарен филм за Бикрам Јога Гуру, „Бикрам: Јоги, Гуру, Предатор“, во режија на Ева Орнер, ја донесува приказната за серискиот силувач, кој иако е во бегство, сепак има армија навивачи.
Бикрам е 75-годишен Индиец, кој кога пристигнал во САД во 1970-ттите, почнал да учи наводно оригиналната јога на бикрам, составена од 26 асани и две вежби за дишење.
Неговите настапи биле повеќе од забележителни. Носеше само црни „шпидо“ гаќички и златен „Ролекс“, а жените ги следеле неговите инструкции.


Топла јогата, наводно, била осмислена да го имитира времето во Индија и се здобила со популарност во почетокот на 21 век.
Бикрам јогата ја популаризирале и многу познати личности кои му дале дополнителен ветер во грб.
Тој наскоро создал франшиза, а сите што сакаа да станат учител на жешка јога, најпрво требало да поминат обука кај самиот Бикрам, девет недели, и да поминуваат скоро 24. часа на ден со него, да платат од 12.500 до 16.600 долари за сертификатот и да го повторуваат на секои три години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …