Луѓето се шокирале кога го виделе бебето
Една корисничка на „ТикТок“ ги замолила мајките да ги споделат своите приказни за големи бебиња. Меѓу бројните коментари имало и мајка која родила бебе со тежина од 6,5 килограми.
На видеото прегледано повеќе од 28,8 милиони пати, една жена по име Шан споделила фотографија од нејзиниот син само неколку моменти откако го родила со помош на двајца лекари.
„Го родив мојот втор син со царски рез и со помош на двајца лекари. Тој тежеше нешто повеќе од шест и пол килограми. Должината беше близу 60 сантиметри“, рекла Шан.
Тој бил најголемото бебе во болницата.
„Немаа пелени или облека за него. Тие донесоа облека од педијатрија што е наменета за деветмесечни бебиња“, рекла таа.
@shans1588Our 14 1b .6oz baby boy. J is a healthy, stubborn and STRONG 5 year old who loves baseball, football and Monster Trucks. ##fyp ##bigbaby ♬ Proud of You – Five Times August
Луѓето се шокирале кога го виделе бебето.
„Лекарите го држат како награда“, „Огромно е“, „Девојко, жал ми е за тебе“, „Ме интересира како изгледа денес“, се само некои од коментарите.
Шан рекла дека нејзиното големо бебе денес е здраво петгодишно момче кое сака фудбал и безбол.
Фото: Принтскрин/ТикТок