(ВИДЕО+ФОТО) Вознемирувачки снимки од Кина: Насилно ги извлекуваат луѓето од нивните домови и ги носат во карантин

Медицинските работници во заштитни одела прво ги одведуваат двајцата луѓе кои врескаат и се спротивставуваат да го напуштат нивниот дом, а третиот од нив легнува на подот и не сака да се помрдне.
На видеото кое денес го пренесуваат медиумите од Западот може да се забележи како здравствените работици упаднуваат во стан и извлекуваат двајца од станот, со сила. Третиот пак најмногу им се спротивставил и морале да ангажираат повеќе лица, но сепак успеваат да го изнесат од станот.


Медицинските работници во заштитни одела прво ги одведуваат двајцата луѓе кои врескаат и се спротивставуваат да го напуштат нивниот дом, а третиот од нив легнува на подот и не сака да се помрдне.
Потоа пристигнало засилување и човекот кој ги шутирал успеале да го изнесат од станот.

Вознемирувачко видео:


Инаку, бројот на смртни случаи поврзани со новиот коронавирус во централната кинеска провинција Хубеј, денес се зголеми за 104, вкупно 722, соопштија од здравствената служба на таа провинција.


За 24. часа вирусот е дијагностициран на уште 3.399 луѓе, соопштиле од кинеската влада денес, така што вкупниот број на заразени во Кина, во моментов, е 34.546.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …