Се топи глечерот на „судниот ден“ – би можеле да исчезнат држави

Еден од најголемите светски глечери, Твејтс, таканаречениот „глечер на судниот ден“, се топи со многу поголема брзина отколку што очекуваа научниците, а неговото исчезнување би можело да го подигне глобалното ниво на морето за дури три метри, според новата студија на Универзитетот во Њујорк.
Екипа на британски и американски научници дупчат дупка низ глечерот дебел околу 600 метри на западот на Антарктик за да ја измерат температурата на местото на контакт на мразот и морската вода под него, и откриле дека температурата веднаш под глечерот е над нулата.

Научниците претходно го нарекле глечер на судниот ден, заради морбидни импликации за светското ниво на морето ако дојде до негово забрзано топење. Фактот дека водата под глечерот сега е доволно топла за да придонесе за распаѓање е сериозна причина за загриженост.
„Топлата вода во овој дел на светот, колку и оддалечен да изгледа, треба да послужи како предупредување за сите нас за потенцијалните драстични промени на планетата што ги предизвикуваат климатските промени“, рекол водачот на истражувањето Дејвид Холанд, кој се плаши дека тоа е знак на незапирливо уништување.
вејтс е еден од двата глечери, покрај глечерот Пајн ајленд, кои претставуваат „мек стомак“ на Антарктикот, со оглед на опасноста од целосно повлекување. Tвејтс се поместува побрзо од две милји годишно, станувајќи побрзо секоја година, додека во исто време станува се потенок и потенок.


Иако ќе бидат потребни неколку децении за целосно топење и подигнување на нивото на морето, потенцијалниот ефект од покачување на нивото на морето за само еден метар може да уништи многу густо населени области во Африка, Азија, САД и Европа.
Некои островски држави би можеле потполно да исчезнат, а загрозени се и многу милиони градови, од Шангај до Венеција, Мајами, Рио де Жанеиро, Осака и многу други. Десетици милиони луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште на повисоки надморски височини.
Според проценките од студијата објавена кон крајот на минатата година, до 2050 година, поплавените подрачја за време на високи плима ќе вклучуваат градови и населби населени со околу 150 милиони луѓе денес, додека честите поплави ќе влијаат врз областите кои денес се населени со околу 300 милиони луѓе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …