(ВИДЕО+ФОТО) Том Круз ја фатил Кејт Мидлтон за рака – сите зборуваат за реакцијата на принцот Вилијам


Премиерата на новиот „Top Gun“ синоќа се одржа во ЛОНДОН, а главни ѕвезди на црвениот тепих беа Том Круз и војводата и војвотката од Кембриџ. Кејт Мидлтон воодушеви во црн фустан со бели детали кои ги откриваа нејзините рамена, и за момент го засени сето она што се случуваше на премиерата.

Имено, додека се качувале по скалите, Том Круз и ја подал раката на војвотката и и’ помогнал, а Вилијам почнал да прави чудни „фаци“. Кавалерскиот потег на познатиот актер почнал да се фали на социјалните мрежи, а на многумина не им е јасно зошто сопругот не и пружил рака на војвотката.


Инаку, Кејт носела фустан на Roland Mouret кој ги откривал нејзините раменици со кој ги комплетирала чантата на Alexandar McQueen и дијамантските обетки на Robinson Pelham.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-i-tom-krus-1-651x1024.jpg

Како и секогаш, Кејт на раката го имала свршеничкиот прстен, кој некогаш и припаѓаше на принцезата Дијана.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена театарската претстава „Народен пратеник“

Вечерва во Македонскиот Народен Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …