(ВИДЕО+ФОТО) Тој е прогласен за најсекси ќелав маж на светот: Луѓето на интернет не се согласуваат!

Принцот Вилијам е прогласен за најсекси ќелав маж на светот.

Да, добро прочитавте, сега се доделува и таа титула. И луѓето на Интернет не се задоволни од победникот. Вилијам ја добил титулата според изборот на таблоидот „ The Sun“, кој се водел од следната логика во тоа истражувањето – тие анализирале написи и пребарувања на „Гугл“ и ги бараа оние што го содржеле клучниот збор „секси“.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal)


Така, тие дојдоа до резултат дека принцот Вилијам со тој збор се појавува во 17,6 милиони такви записи. Истражувањето е иницирано од хируршка група наречена „Лонгевита“, која се занимава, донекаде иронично, со трансплантација на коса.

Покрај принцот Вилијам, во првите пет најсексапилни ќелави мажи во светот (точно по овој редослед) се нашле и Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.

Луѓето протестираат
Тимот на социјалните мрежи веднаш го изрази своето незадоволство од овој избор.
„Стенли Тучи, ќе те одмаздиме“, напишале бројни твитерџии убедени дека оваа титула требало да му биде доделена на актерот Стенли Тучи, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи прада“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …