По смртта на кралицата, гледаноста на историската драма „Круна“ се зголемила за 800 отсто само во Велика Британија, додека серијата се искачи на седмото место на глобалната топ 10 листа на Нетфликс.
Variety објави дека серијата на Нетфликс, која го следи владеењето на Елизабета Втора, забележала астрономски скок во гледаноста помеѓу петокот и неделата (9-11 септември), според податоците на аналитичката компанија Whip Media.
По смртта на Елизабета, рејтингот за „Круна“ во САД се зголемил за четири пати во текот на тој период, а рејтингот во Франција исто така тројно, според Whip Media.
Глобалнаата гледаност исто така се зголемил за четири пати во однос на претходната недела, па фановите без сомнение со нетрпение ја очекуваат петтата сезона на серијата.
Сепак, можеби ќе треба да почекаат уште малку, бидејќи Deadline објавил дека продукцијата нагло е прекината поради почит кон кралицата.
Писателот Питер Морган за весникот изјави: „Во знак на почит, снимањето на ‘Круна’ е прекинато денес. Снимањето ќе биде прекинато и на денот на погребот на Нејзиното Височество“.
Фото: Принтскрин/YouTube