Герасимовски: 100 семејства добиваат по 7 000 денари парична помош за новороденчиња

Општина Центар започна со исплата на парична помош за новороденчиња. Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во Паркот на Франкофонијата на 100 семејства од Центар кои имаат новороденче лично им ги врачи решенијата во висина од 7.000 денари.„На мое задоволство денеска овде во Паркот на Франкофонијата ги доделуваме решенијата за еднократна парична помош за најмладите Центарци. Покрај овие средства, новите родители добиваати пакет производи и услуги од општествено одговорните компании Еурофарм, ПЗУ Жан Митрев, Реплек, Геопром, Хип, Веледа за што би сакал да им упатам искрена благодарност. Со подарувањето педијатриски услуги и сет производи општествено одговорните компании покажуваат дека се силно фокусирани на своите потрошувачи. Тоа е навистина за поздрав“, истакна Герасимовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is centar-za-bebinja-1.jpeg
Еднократната парична помош за новите родители кои редовно ги доделува општина Центар се во рамки на проектот на општината за доделување првична помош и поддршка на родителите, жители на Општина Центар. Во Паркот на Франкофонијата градоначалникот Герасимовски на родителите на најмладите сограѓани во општината им посака добро здравје и среќно и безгрижно детство, а на родителите успешно родителство и хармонични моменти во семејството.


This image has an empty alt attribute; its file name is centar-za-bebinja-2.jpeg
Општина Центар ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите во општината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …