Познатите личности од јавната сцена масовно се простуваат од легендарниот композитор Корнелие Ковач, кој почина на 13. септември на 81-годишна возраст.
Меѓу оние кои се простија од еден од најголемите музичари на овие простори, бил и Здравко Чолиќ, за чија кариера е заслужен токму Корнелие Ковач.
Здравко Чолиќ објавил некролог во весникот „Дневни аваз“ во кој се збогува со својот голем пријател и колега, само со четири збора.
– Последен поздрав, драг Бато – пишувало во некрологот.
На денот на смртта на Корнелие Ковач, на официјалниот Инстаграм профил на Здравко Чолиќ се појави и збогување со легендарниот музичар.
– Се чинеше дека ќе бидеш тука засекогаш. Ти благодарам за музиката… за делата што ги создаде… за зборовите на грижа и љубов што ги имаше за сите нас. Ти ги одбележа нашите животи. Ти благодарам, Бато, за сè! – порачал Чолиќ на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Здравко Чолиќ и Корнелие Ковач долго време соработуваа, а заедно ги создадоа едни од најубавите песни. Бата компонираше бројни хитови за Чола, како што се „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, „Единствена“, „Унгарка“, „Таа спие“, „Станица Подлугови“, „Ти можеш се“, „Ти си ми во крвта“.
Погребот на композиторот ќе биде извршен утре во 14 часот, а оваа информација на својот Инстаграм профил ја објави неговата ќерка Александра Ковач.
Таа ги замоли сите кои сакаат да дојдат да се придржуваат до сите епидемиолошки мерки, да носат маски и да одржуваат физичка дистанца поради корона вирусот.
Фото: Монтажа