Фотографија која ќе ги разнежни и оние со камено срце
Славната Браилка и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Ламерс, на 29. август годинава го добија синот Сајан. Андријана на својот Инстаграм профил објави слика од окото на нејзиниот син за да објасни зошто решила да го крсти Сајан и каква симболика носи тоа.
View this post on Instagram
„Сајан (цијан) е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот светлосен спектар. Сајан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, место на нашата семејна листа. Сајан е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Сајан Лима Лемарс“, напиша Лима.
Покрај ова, таа објави и фотографија на која се гледаат рацете на Сајан, а покрај неа напиша и многу емотивна порака.
„Ти ми го допре срцето. Мама те сака Сајана“, напишала Адријана, а оваа сцена ги разнесе луѓето ширум светот.
Сајан е нејзино трето дете. Покрај него, Лима е мајка на две девојчиња Сијена и Валентина, кои ги има со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Фото: Принтскрин/Instagram