(ВИДЕО+ФОТО) СРАМНО – КУПИЛ ХОНДА ОД АУКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА, ПА СЕ ШОКИРАЛ: Она што го пронашол зад браникот ги посрамотило властите!

Тајландската полиција се извинила откако, по грешка, на аукција продале автомобил во кој биле скриени десетици илјади таблети амфетамин.
Купувачот платил 586,000 бахти (19.000 американски долари) за автомобилот „Хонда ЦР-В“ кој бил продаден на аукција откако минатата година бил запленет во случајот поврзан со дрога.
Кога клиентот го одвезол автомобилот на сервис за поправки, автомеханичарот пронашол 96.000 таблети скриени во браникот.


Официјалните лица изјавиле дека во иднина потемелно ќе ги пребаруваат запленетите возила.
“Според протоколот, ние го пребаруваме секое возило што го примаме и тоа не беше исклучок. Овој пат, сепак, не можевме да најдеме ништо навреме, можеби затоа што апчињата биле добро скриени”, рече Нијој Teрмсисрук, генерален секретар на Кабинетот на Одборот за контрола на наркотици.



Тој објаснил дека апчиња јаба, мешавина од метамфетамин и кофеин, биле пронајдени во кутии скриени во тајни прегради зад браникот.
Кога минатата година автомобил бил запленет во северната провинција Чианг Раи, на задното седиште биле пронајдени 100.000 илјади вакви таблети.


Термсисрук рекол дека новооткриените таблети ќе бидат приклучени на случајот и дека новиот сопственик на автомобили и автомеханичар ќе бидат наградени за нивната соработка.


Јаба на таи јаикот значи „луд лек“ и обично се прошверцува од Мјанмар и се продава во форма на ефтини црвени и розови таблети.
Во 2018 година, тајландските власти заплениле 516. милиони таблети.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …