(ФОТО) НОВИ НАПАДИ НА ВОЈВОДАТА И ВОЈВОТКАТА – ПРИНЦОТ ХАРИ ДОЖИВЕАЛ НЕРВЕН СЛОМ И ЗАВРШИЛ НА ПСИХИЈАТАР: Не можел да издржи поради Меган!

Принцот Хари и Меган Маркл со својата одлука да ги напуштат кралските должности што им се наметнати од нивниот статус во британското кралско семејство, го шокираа светот, а сега светските медиуми пишуваат дека притисокот го предизвикала единствено Меган, поради што Хари доживел нервен слом.
Принцот Хари, наводно, доживеал нервен слом за време на престојот во Канада, според американско списание. Според изворите на споменатиот весник, принцот повеќе не можел да го издржи притисокот што му го наметнале кралските должности врз неговото семејство, поради што му се нарушило здравјето, па со недели одел кај психијатар, а за се ја обвиниле Меган Маркл.


Американскиот таблоид „Globe“ објавил дека член на британското кралско семејство претрпел „таен ментален слом“ за време на одморот и Божиќните празници.
Самиот Хари, за време на своето обраќање пред јавноста, истакна дека изминатиот период бил доста стресен и тежок за војвотката и војводата, но истакна дека тој не „паднал“ во Канада.

“Принцот, едноставно, веќе не можеше да гледа колку неговата сопруга лошо се справува со улогата на аристократка. Тој се плашеше дека Меган ќе го напушти и ќе го земе со себе нивниот син Арчи. Сите овие околности го зедоа својот данок и во еден момент тој “спукна”, поради што со седмици одеше на терапија кај психијатар кој го посетувал во вилата каде престојуваше во Канада изминатите Божиќни празници“, открил извор, кој рекол дека Меган тоа подготвено го искористила, убедувајќи го дека е најдобро за сите тие да се откажат од своите должности и да одат по свој пат.

Меѓутоа, другите медиуми тврдат дека статијата е лажна и ги осудуваат обидите да му наштетат на парот со објавување вакви вести.
Да потсетиме дека принцот Хари и Меган Маркл поднеле тужба против два британски таблоиди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …