(ФОТО) Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната американска награда за кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34. доделување на наградите на Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC -The American Society of Cinematographers).
„Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC“, напиша Љума на својот профил на „Фејсбук“.
Наградата на кинематограферите од „Медена земја“ им ја додели режисерот Тод Филипс кој рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.


„ASC Award“ важи за најпрестижна светска награда во светот на кинематографијата бидејќи ја доделува Асоцијата на кинематографери на Америка (ASC).
„Медена земја“ досега има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот и за првпат е македонски филм кандидат за Оскра во две категории.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …