Меган Маркл, како Кејт Мидлтон, често знае да ја премине линијата и да го прекрши строгиот кодекс на облекување. Сепак, она што е уникатно за двете е тоа што тие секогаш тоа го прават на умерен начин.
Така Меган направила и овојпат во комбинација во која тешко дека е видена од моментот кога стана членка на кралското семејство.
По повод отворањето на слаткарница, таа носела тексас панталони, таканаречени „skinny jeans”, кошула на линии и класични бели патики.
Косата ја навиткала и добила бранови а целиот изглед го заокружила со кафеав појас и палто што го носела на почетокот така што ноншалантно го префрлила преку рамото.