(ВИДЕО+ФОТО) Се капат во пари: Топ-листа на петте најплатени филмски улоги досега

Веројатно веќе добро знаете дека глумата во холивудските филмови се исплати, барем за едно пет животи, а во продолжение прочитајте кои актери добиле огромни суми на пари за улогите во познати филмови.
Некои од актерите на топ-листата на петте најплатени улоги ќе ве изненадат, а за некои најверојатно ќе ви биде целосно оправдано што се таму.
5. Тони Старк/Iron Man во „Avengers: Infinity War“ (Роберт Дауни Џуниор)
Силен старт сме со петтото место веднаш. Според The ​​Hollywood Reporter, Роберт Дауни Џуниор, заработил респектабилни 75 милиони долари за улогата во „Avengers: Infinity War“.

4. Итан Хант во „Mission Impossible – Ghost Protocol“ (Том Круз)
Тој го дели петтото место со неговиот претходник од оваа листа. Човекот што ни ги распламса стравовите од височина, кој нè прави вознемирени додека се качува по згради како за шега. Според Форбс, Том заработил 75 милиони долари. Да изгледате кул и да заработувате толку многу пари? Сон од соништата.


3. Нео во „The Matrix“ (Кијану Ривс)
83,3 милиони долари во просек по филм, а вкупно 250 милиони долари, според The ​​Hollywood Reporter. Кијану го живее тоа!

2. Агентот Ј во „Men in Black 3“ (Вил Смит)
100 милиони, лесно, за третиот дел од Men in Black. Вил Смит има одиграно голем број високоплатени улоги, а за оваа беше исклучително адекватно стимулиран, објави The Hollywood Reporter.


1. Пит ‘Маверик’ Мичел во „Top Gun: Maverick“ (Том Круз)
Том повторно. Велат дека неговиот каскадер никогаш не се поти. Variety објави дека Круз за оваа улога заработил повеќе од 100 милиони долари. Навистина нереални бројки!


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …