Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб УМЕТНИЧКА ВЕЧЕР СО ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ

Во вторник, 25 април, Културно информативниот центар на РС Македонија во Загреб организира уметничка вечер со Томислав Османли. Нашиот автор ќе биде претставен како писател, драмски автор и теоретичар на стрипот и творес со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност. Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Д-р Наталија Поповска, директорка на нашиот КИЦ во Загреб, а за неговиот прозен и дел од драмскиот опус ќе говори режисерот и писател Матко Сршен, професор на Факултетот за драмски уметности во Загреб.

Медијатор на уметничката вечер ќе биде професорот Д-р Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Загреб.


Делови од хрватското издание на наградениот и пошироко објавуваниот роман „Дваесет и првиот” на Османли ќе читаат студенти. Ова издание во превод на Проф. Д-р Борислав Павловски пред една деценија излезе токму во Загреб во издание на престижното книгоиздателство „Сандорф”. Проследено со повеќе позитивни објави од перата на хрватските книжевни критичари Јагна Погачник, Божидар Алајбеговиќ и Теута Бутучи, како и интервјуа со нашиот автор, ова издание го отвори патот на објавите на романот „Дваесет и првиот” и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет…

На загрепската авторска вечер посветена на нашиот писател, ќе настапи пијанистот Виктор Рафајловски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ во рамките на Филозофскиот филмски фестивал

Оваа година, на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе …