(ФОТО) Вилијам и Кејт објавиле фотографии од принцот Луис, луѓето се воодушевени: „Убав на мама!“

БРИТАНСКИОТ принц Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија две нови фотографии од нивниот најмлад син Луис по повод неговиот петти роденден во недела.
Луис бил фотографиран од Мили Пилкингтон претходно овој месец во Виндзор. На едната фотографија тој седи во количка која ја турка мајка му, а на другата насмеаниот Луис гледа настрана од крупен кадар.
„Некој полни пет години“, пишува на фотографиите на принцот на Инстаграм.

Малиот принц собра повеќе од 800 илјади лајкови и многу честитки и комплименти. „Убав на мама“, „Нека му е со среќа“, „Најдрагиот член на кралското семејство“, „Како минуваат годините“, напишале следбениците во коментарите.
Луис е внук на кралот Чарлс и четврти во редот за тронот, зад неговиот татко Вилијам и братот Џорџ и сестрата Шарлот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …