(ВИДЕО+ФОТО) Претставено новото Порше 911 Турбо

Еден ваков исклучителен спортски автомобил, мора да има и висока цена, па така 911 Турбо Купе во Германија чини од 180.811 евра, а кабриолет верзијата од 194.035 евра.
Откако претходно оваа година беше претставена помоќната верзија од 911, моделот Турбо „S“, сега светлоста на денот ја здогледа и обичната Турбо верзија од 911.

Порше на купувачите ќе им понуди купе и кабриолет верзии, а двата автомобили во себе ќе имаат вградено 6 цилиндерски 3.8 литарски твин-турбо „боксер“ мотор, кој во Порше 911 Турбо испорачува 580 коњски сили.



Во однос на претходната генерација, автомобилот располага со додатни 32 коњски сили.
Силата се пренесува до тркалата преку автоматски 8. брзински менувач со двојно квачило.
Новото Порше 911 Турбо забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,8 секудни, што е за 0,2 секунди подобар резултат од претходникот.
Максималната брзина останува иста, 320 км/ч.Предните пневматици на автомобилот се со димензија 255/35 R20, додека задните 315/30 R21.
Управување на сите 4 тркала е стандерден дел од опремата на новото Порше 911 Турбо, баш како и погон на сите тркала.


Меѓу опциите е и унапреден систем за сопирање со керамичко- композитни кочници.
Еден ваков исклучителен спортски автомобил, мора да има и висока цена, па така 911 Турбо Купе во Германија чини од 180.811 евра, а кабриолет верзијата од 194.035 евра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …