Ал Пачино и Роберто Де Ниро имаат волшебна врска, според култниот режисер Мартин Скорсезе, само неколку дена пред објавувањето на неговиот последен филм, Ирецот, каде легендарното актерско дуо е на сцена.
„Она што се гледа на филмот е односот на актерите, како и нивното пријателство кое трае 40. или 45. години“, рекол Скорсезе, чиј долгоочекуван мафијашки филм ќе се емитува на Интернет на „Нетфликс“ на 27 ноември.
Остварувањето говори за поранешен мафијашки убиец, игран од Де Ниро, кој размислува за својот живот полн со насилство и за врската со исчезнатиот поранешен лидер на синдикатот, игран од Пачино.
Познатото актерско дуо глумеше во филмот во 1974. година „Кум, втор дел“, како и во култниот филм „Топлината“ во 1995. година.
“The Irishman” (Ирецот) е деветти филм на Скорцезе со Де Ниро. Двајцата се познаваат уште од 16-годишна возраст и долго време размислувале за нов филм.
“Излезе дека сме во право. Сега имаме 75.,и 76. години и размислуваме за тоа што направивме во животот и што требаше да направиме. Беше добро време да се осврнеме на нашите животи во 60-тите и 70-тите години,на Холивуд , на кинематографијата… “, рекол режисерот.
Филмот трае три и пол часа и чинел 160 .милиони долари. Веќе е прикажан во некои кина и се споменува како еден од фаворитите за Оскар.
Скорцезе (76) е осум пати номиниран за Оскар во категоријата Најдобра режија. Тој освои Оскар во 2007. година за “The Departed”.