Британскиот принц Ендру, кој со месеци е во очи во јавноста поради наводна афера со осудениот педофил Џефри Епштајн, првпат даде пообемно интервју од апсењето и смртта на милијардерот, неуспешно бранејќисе од наводите.
Интервјуто за БиБиСи, опишано на социјалните медиуми како „авион што паѓа на танкер со нафта“, е главна тема во британската јавност.
Помладиот син на кралицата Елизабета категорично негирал дека имал секс со Вирџинија Робертс, тогаш малолетна сексуална робинка во Епштајн. Не само тоа, тој ркол дека не се сеќава на таа девојка.
Како доказ дека врската не се случила, принцот изјавил дека во моментот кога тој имал „медицинска состојба што го натерала да не може да се поти“, а Робертс во признанието изјавила дека „многу се потел“. Исто така, тој се сетил дека на денот кога наводно се случила контроверзната врска, тој всушност ја однел својата ќерка на пица.
На прашањето на водителката како јасно се сеќава дека излегол на пица пред многу години, тој рекол дека тоа е „многу невообичаено“ за него.
Одговорите на принцот, а особено фактот што тој останал во вилата на Епштајн четири дена во 2010. година затоа што било „удобно“, сигурно ќе биде предмет на осуда на јавноста долго време.
Посетата се случила неколку месеци откако Епштајн бил ослободен од куќен притвор заради сексуална злоупотреба и малтретирање на малолетни девојчиња.
Реакциите на интервјуто на принцот Ендру биле бројни и брзи, а многу малку биле во негова корист. Многу медиуми го оценија дека е „толку нејасен што не може да лаже како што треба“, додека Крег Оливер, поранешен шеф за комуникации на поранешниот премиер Дејвид Камерон, рекол дека тоа е „една од најлошите одлуки за ПР досега“.