Според видеото кое се прошири по турските медиуми очигледно е дека познатата турска актерка Бергузел Корел со сопругот Халит Ергенц го очекува второто дете…
Познатата турска актерка Бергузар Корел со актерот Халит Ергенч се венча во 2009. година откако романсата ја почнаа на снимањето на серијата „1001 ноќ“.
Славната актерска двојка својот прв син го доби во 2010. година, а сега девет години подоцна ги бројат деновите кога нивното семејство ќе се прошири со уште еден член.
Бергузар е во четвртиот месец од бременоста, а турските медиуми се потрудиле да дознаат и објават кој е полот на бебето што го носи убавата актерка.
Според пишувањата, таа треба да се породи во месец март, а таа и овој пат ќе стане мајка на уште едно машко дете.
Инаку, од понеделник на ТВ Сител почнува да се емитува втората сесона од воената драма „Далеку од дома“, каде во главна улога се токму Бергузар и Халит како Азизе и Џевдет.