Почина легендарната актерка Дајен Керол

Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата „Џулија“, а притоа немаше улога на слугинка.
Американската актерка и пејачка Дајен Керол почина вчера на 84 .години, соопшти нејзиното семејство.
Нејзината ќерка Сузан Кеј информирала дека мајка и починала во Лос Ангелес, од рак.
Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата „Џулија“, а притоа немаше улога на слугинка.
За време на својата долга кариера, Керол ја доби наградата Тони за мјузиклот „No Strings“, а за Оскар беше номинирана за улогата во филмот „Клодин“.
Сепак, најпозната беше по својата улога во серијата во која ја играше Џулија Бејкер, болничарка чиј маж загинал во Виетнам, која се емитуваше од 1968 до 1971 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националниот џез-оркестар настапи на ,,Албанија џез-фест” во Тирана

Македонскиот Културно-информативен центар во неделата вечерта во Тирана го претстави нашиот Национален џез-оркестар пред тиранската …