(ВИДЕО+ФОТО) После трагедијата – Покрената истрага за причините за падот на хелихоптерот на Коби Брајант

Американските иследници покренаа истрага за да се утврди причината за хеликоптерската несреќа во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант во Калифорнија, во неделата.
Во хеликоптерот имало девет лица, меѓу кои Брајант и неговата тринаесетгодишна ќерка Ѓиана, за жал сите загинаа. Се очекува инспекторите да се фокусираат на времето, бидејќи во моментот на несреќата имало магла. Исто така, ќе се испита дали имало механички проблеми.


Брајант важи за еден од најдобрите кошаркари во историјата на спортот. Тој пет пати беше шампион во НБА и во својата кариера играше само за еден клуб – Лос Ангелес Лејкерси. Освои и два олимписки златни медали и ја заврши својата брилијантна кариера во април 2016. година.
Фановите, кошаркарите и другите јавни личности ширум светот го оплакуваат Брајант, а многумина се собрале пред центарот „Стејплс“ во Лос Ангелес за да им оддадат почит на великанот.

НБА лигата го откажа натпреварот помеѓу Лејкерси и Клиперс. 
Федералната управа за авијација (ФАА) формираше тим од 20 лица кои ќе истражат за соработката со производителот на хеликоптери и компанијата што го направила моторот. Посебната истрага ќе ја спроведе Националниот одбор за безбедност при транспорт (НТСБ).
Хеликоптерот „Сикорски С-76Б“ се урна во ридско подрачје пред градот Калабасас западно од Лос Ангелес. Несреќата се случила во неделата во 9:45 часот по локално време. Кога хеликоптерот полетал, имало магла а локалната полиција поради лошите временски услови ги приземјила своите хеликоптери.


Пилотот од контролата на летот побарал посебна дозвола за летање во услови што не се оптимални. Хеликоптерот кружел 12 минути пред добие дозвола. Пилотот тогаш побарал од контролата на летот за „следење на летот“, пасистенција која им е дава на хеликоптерите за да избегнат судир, но му било кажано дека хеликоптерот бил премногу низок за да биде откриен од радарот.
Неколку минути подоцна, пилотот рекол дека се „качува за да го избегне облак“. Хеликоптерот се искачил на повисоко а потоа се спуштил кога свртел лево, после што е прекината комуникацијата на локацијата што се совпаѓа со локацијата на несреќата.
Пилотите понекогаш можат да доживеат просторна дезориентација поради облаци и магла и затоа треба да користат инструменти за летање кои обезбедуваат „вештачки“ хоризонт.
Експертите велат дека несреќите на леталата никогаш не се предизвикани од само една работа, туку дека тие се резултат на трагична комбинација.


Хеликоптерот С-76Б е софистицирано летало кое се користи низ целиот свет. Има два мотори и може да лета дури и ако еден затаи.
Остатоците од хеликоптерот биле расфрлани на 150 метри а опашката и главниот ротор се одвоиле од трупот. Нема црна кутија, бидејќи тоа не е задолжително во овој хеликоптер.
Брајант патуваше со својата ќерка за да го води тимот во кој играше на турнирот во кошарка. Тој често користел хеликоптер за да избегне сообраќаен метеж во Лос Ангелес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …