Популарниот американски ТВ водител, Ник Кенон, ја објавил смртта на неговиот петмесечен син Зен, кој починал од тумор на мозокот.
Водителот открил дека не сакал да го подложи детето на хемотерапија бидејќи, како што истакна, не сакал да страда.
„Бидејќи и самиот поминав низ хемотерапија, ја знам таа болка и страдање и не сакав двомесечно бебе да помине низ тоа“, изјавил тој за магазинот People.
Откако разговарале за можните третмани со лекарите, тој и мајката на момчето одлучиле нивниот син да не биде подложен на хемотерапија, туку „да го одржуваат среќен секој ден од неговата дијагноза“.
View this post on Instagram
На возраст од само два месеци, на Зен му бил дијагностициран напреднат глиом, што е ретка и агресивна форма на тумор на мозокот.
„Почнавме да се прашуваме дали има начин да го спречиме тоа“, се сеќава Кенон.
„Ако не, колку време имаме? Разговорите брзо се претвориле во: ‘Како можеме да му го дадеме најдобриот живот во времето што го има?’ Тоа може да бидат недели, може да бидат месеци, може да бидат години“, се сеќава Кенон.
View this post on Instagram
Сепак, неговиот син за жал починал три месеци по дијагнозата.
Инаку, на Кенон во 2012 година му бил дијагностициран лупус и се подложил на различни терапии, а помислата дека неговиот син треба да го минува истото потполно го уништило емотивно.
Фото: Принтскрин/Youtube/Nick Cannon