(ФОТО) НОВ РЕКОРД: Брус Спрингстин за 500. милиони долари ги продал авторските права на „Сони“

Повеќекратниот добитник на Греми, Брус Спрингстин, ги продал своите авторски права и правата за издавање музика на Sony Music во договор вреден 500. милиони долари, објави Billboard, цитирајќи извори.
Продажбата ќе му даде на Sony сопственост на целокупните авторски права на легендата на рок музиката, вклучително и 15. пати платинестиот албум Born in USA и пет пати платинестиот албум The River.
Тоа е најновото во серијата продажби на авторски права во минатата година што вклучува музика од Дејвид Боуви, Боб Дилан, Пол Сајмон, Стиви Никс и Нил Јанг.
Warner Music ги купил правата за изданијата на Боуви ширум светот во септември, а Дилан ги продаде своите права за повеќе од 600 песни на Universal Music Group во декември минатата година за 300. милиони долари.


Columbia Records на „Сони“, каде Спрингстин ја сними неговата музика, не одговори на барањето за коментар, а претставниците на Спрингстин не биле достапни, пишува „Гардијан“.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …