(ВИДЕО+ФОТО) НЕШТО НАЈЕРОТИЧНО НА СИТЕ ВРЕМИЊА – Минута што влезе во историјата: „Изгледаше како водење љубов со претседателот пред 40. милиони луѓе“

Дознајте што точно се случило ноќта кога Мерлин Монро му пеела серенада на ЏФК во Медисон Сквер Гарден во Њујорк …
Годината е 1962. Фаталната русокоса Мерлин Монро се обидувала да го оживее својот препознатлив приватен и професионален живот. Таа сè уште била голема филмска ѕвезда, но нејзиниот филм „Неприлагодени“ (кој го сними една година претходно) не поминал најдобро на кино благајните. Таа, исто така, се разведувала од нејзиниот сопруг, новинарот Артур Милер, била подложена на операција на жолчното кесе и се опоравувала од престојот во психијатриска болница во Менхетен – сето тоа ја направило ментално кревка во тоа време.

This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro-za-kenedi-1-jpg.jpg
Во пролетта, работите се подобриле, актерката се преселила во нов дом во Лос Анџелес и и’ била понудена главната улога во филмот „Нешто треба да се даде“. Таа особено се радувала на настапот во Медисон Сквер Гарден на 19. мај во чест на претседателот Џон Кенеди. Гласините за афера меѓу Монро и ЏФК започнале неколку месеци пред настанот.
Монро и Кенеди биле блиски, но некои експерти велат дека нивната афера не траела долго. Тие ја поминале ноќта заедно по забавата во домот на Бинг Крозби во Палм Спрингс кон крајот на март, и за тоа време, некои шпекулираат, тој и ги врачил поканите за настанот во Медисон Сквер Гарден. Настанот бил темпиран да го прослави неговиот 45-ти роденден, иако неговиот вистински роденден бил 10. дена подоцна.



Публиката останала „паф“
Монро го напуштила сетот на „Something’s Got to Give“ на 17. мај и следните два дена ги поминала на проба во Њујорк. Ноќта на настанот, таа облекла посебен фустан прилагоден на нејзините совршени мерки, фустан во боја на месо, дизајниран за неа од Жан Луиз.
Настанот собрал многу познати фаци од тоа време: Ела Фицџералд, Боби Дарин, Марија Калас. Деверот на Кенеди, актерот Питер Лофорд, неколку пати погрешно ја претставил Мерилин, а бидејќи таа не се појавила, луѓето од публиката мислеле дека ја нема… Се’ додека таа не излегла на сцената, ја соблекла бундата и предизвикала восхит.


Фустанот во боја на месо била изработена од маркизет, а дизајнерката Маки на него нанела 2.500 ситни кристали. Фустанот бил сошиен на актерката бидејќи бил многу тесен, а под фустанот не носела гаќички. Цената на фустанот беше нешто повеќе од 1.500.000 долари.
Мерилин на сцената со сонувачки глас му ја отпеала на Кенеди „Happy Birthday Mr. President“. После тоа, благодарение на изведувачите од сцената, Кенеди се пошегувал дека може да се пензионира откако доживеал да му се пее за неговиот роденден на таков прекрасен начин.

„Водење љубов со претседателот пред 40 милиони Американци“
Иако изведбата поттикнала гласини за нивната афера, новинарката Дороти Килгален ја опишала како „водење љубов со претседателот директно пред очите на четириесет милиони Американци“ и исто така го означил крајот на нивната интеракција. Актерката и претседателот кратко разговарале на афтер-журката на шефот на студиото Артур Б. Крим, за што сведочи фотографијата на двајцата (заедно со неговиот брат Роберт) и после тоа никогаш повеќе не се виделе.

This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro-za-kenedi-2-jpg.jpg

Монро се вратила на снимањето на „Something’s Got to Give“ за да добие отказ веднаш по нејзиниот 36-ти роденден поради повеќекратните отсуства. Фокс повторно се обидел да ја вработи откако колегата Дин Мартин и се заканил дека ќе ја отпушти, но снимањето никогаш не продолжило. На 5. август, Монро била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд од предозирање. Петнаесет месеци подоцна, претседателот Кенеди беше убиен.
Иако изведбата на „Среќен роденден, господине претседателе“ траела цела минута, таа остана еден од нејзините најпознати моменти на сцената.

Цената на фустанот со текот на времето се зголемуваше, па во 1999. година беше продаден за околу 1,5 милиони долари. Во 2016 година, музејот Ripley’s Hollywood Boulevard платил околу 6. милиони долари за него и сè уште го чува и ден денес. Ким Кардашијан неодамна го облече тој фустан на Мет Гала. Оригиналната креација ја носеше само за време на прошетката на црвениот тепих, а подоцна се пресоблече во копија.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …