(ФОТО) Сталоне со децении сака една жена чија убавина ја наследија нивните ќерки

Актерот Силвестер Сталоне (75) од 1997. година е во брак со поранешната манекенка Џенифер Флавин, со која има три ќерки.
Неодамна Џенифер на својот Инстаграм профил сподели слики со кои ја одбележа сребрената свадба, т.е. 25. години брак:
„Среќна 25-годишнина од бракот! Ти благодарам што секогаш ме насмевнуваш, го сакаш и го заштитуваш нашето прекрасно семејство! Нашиот брак секоја година е се’ подобар и подобар! Едвај чекам да го поминеме остатокот од животот заедно!”, напишала таа со збир на фотографии.

Сталоне и Флавин првпат се сретнале во 1988. година во ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија.
Имале големи подеми и падови и покрај тоа што доживеале многу искушенија на почетокот на нивната врска, нивниот брак издржал се’ и денес уживаат во семејниот живот со ќерките Систин, Скарлет и Софија.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …