(ВИДЕО+ФОТО) Необичен живот на некогаш најубавата пејачка Лејн дел Реј: Живот во приколка, одвикнување од алкохол на 14. години, дебелина и операции

Пејачката Лана Дел Реј е родена во Њујорк на 21. јуни 1985. година, а поради нејзините контроверзни текстови и видеа многу брзо се прослави во Холивуд. Лана е ќерка на Роб Грант, милионер и инвеститор, па оваа уметница уште од мала уживала во луксуз.

Познатата пејачка по средното училиште се запишала на метафизика на Универзитетот Фордам во Бронкс, бидејќи сакала да најде врска меѓу религијата и науката, но не ја завршила бидејќи не „и одела“ математика.
На млада возраст почнала да пишува текстови и песни кои ги изведувала во ноќните клубови во Њујорк. Во 2010. година го издава својот прв студиски албум „Lana Del Rey“ за независна издавачка куќа. Албумот по краток период е повлечен од продажба од необјаснети причини, а таа никогаш јавно не проговори за тоа.
И’ покрај нејзиното богатство, семејството на Лана Дел Реј живеело во приколка, бидејќи тоа многу му се допаднало на нејзиниот татко. Нејзините родители се преселиле неколку пати, но Њујорк бил нивната база.


This image has an empty alt attribute; its file name is lana-del-rej.jpg

На рехабилитација на 14. години
Лана за еден странски магазин изјавила дека е зависна од алкохол, па на 14. години прв пат била на рехабилитација.
„Пиев алкохол секогаш кога имав прилика, често и сама. Тогаш се делуваше во ред. На 14. години моите родители по прв пат ме испратија на клиника за рехабилитација”, изјавила пејачката.
„Алкохолизмот е најлошото нешто што ми се случило“, додала таа. Откако завршила училиште и се соочила со својот проблем, Лана Дел Реј се вратила во Њујорк и се запишала на универзитет.
Сепак, таа повеќе сакала да пее отколку да учи. Настапувала во кафулиња и ресторани, каде ги пеела своите песни и така полека почнало нејзиното искачување.


Својот свршеник го запознала преку апликација за запознавање
Во 2020. година, пејачката се сврши со пејачот Шон Ларкин, кого го запознала преку апликација за запознавање, а папараците ја снимиле на улиците на Лос Анџелес истата година, кога до израз дошол нејзиниот огромен веренички прстен. Лана во тоа време извесно време не се појавуваше во јавноста, додека во последно време често може да ја снимаат папараците за време на прошетки и секојдневни активности.


Многу се пишуваше за нејзината промена и нејзиното слабеење. Нејзиниот изглед и забележливиот вишок килограми наиде на негативни коментари, со оглед на тоа дека секогаш имала исклучително витка линија, па тоа претставувало огромна промена во нејзиниот имиџ.
Покрај тоа, за Лана веќе долго време се вели дека е искривена од операции, а промените се највидливи на нејзиниот нос. Странските медиуми јавуваат дека Лана немала операции само на носот, туку имала низа интервенции на лицето – уста, јаболчници, ботокс …

This image has an empty alt attribute; its file name is lana-del-rej-vo-maj.jpg
Многумина го коментираат и нејзиниот изглед на социјалните мрежи. Откако Лана се здебелила 15. килограми, како што пишуваат странските медиуми, таа веднаш станала жртва на „срам од дебелина“. Тоа всушност значи дека ја навредувале, омаловажувале и критикувале само поради изгледот на телото – затоа што очигледно не смеела да се здебели.
Американската пејачка не се грижи премногу за критичарите, а минатата година го објави својот нов студиски албум „Chemtrails Over the Country Club“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …