(ВИДЕО) Пејачка мета на жешки сцени со бившиот на Ријана: „Срамота, тој неа ја тепаше“

Американската пејачка и танчерка Нормани се најде на мета на критики од својата публика откако сними страсно видео со Крис Браун, рапер кој јавноста го памети по бруталниот инцидент во 2009. година кога ја претепа светската ѕвезда и неговата тогашна девојка Ријана.
26-годишната Нормани, која е поранешна членка на групата Fifth Harmony, се појавува во спотот на Браун за неговата нова песна „WE (Warm Embrace)“ која ја претстави пред публиката пред два дена.
Во сцените од спотот Нормани и Браун танцуваат сензуално, а пејачката во еден момент дури и го бакнува контроверзниот изведувач.
Дел од видеото Нормани го сподели на својот Инстаграм, но покрај фановите кои не видоа ништо лошо таму, наиде и на остри коментари од луѓето на кои не им се допадна овој спој, а на пејачката и напишале дека „нејзината непромисленост ги разочарала“.
„Зошто некој би соработувал со човек како него. Можеш да работиш со било кој друг“, гласи еден од коментарите.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …