Само една недела откако Семи Шин, ќерката на Чарли Шин и Дениз Ричардс се приклучи на платформата „OnlyFans“, истото го направи и нејзината мајка.
Поранешната ѕвезда на Real Housewives од Беверли Хилс, сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како боса шета на плажа во бел фустан. Актерката (51) ги поканила своите придружници, од кои има 1,4 милиони, да се претплатат на нејзината содржина за 25. долари месечно.
Судејќи според коментарите под нејзината објава на Инстаграм, луѓето се воодушевени и повеќето мислат дека тоа е вистинскиот начин да ја поддржи нејзината ќерка: „Вака изгледа поддршката“, „Ти си легенда“, „Таа е среќна што има таква мајка, која ја поддржува“, се вели во дел од коментарите.
Да потсетиме, новиот деловен потфат на Дениз Ричардс доаѓа откако Семи, која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг Чарли Шин, се приклучи на страница за возрасни, каде што се споделуваат „послободни“ фото и видео материјали по одредена цена.
View this post on Instagram
Семи го напуштила средното училиште и во март наполнила 18 години.
Дениз ја поддржала ќерка си: „Семи има 18 години и оваа одлука не е донесена врз основа на тоа во чија куќа живее. Се што можам како родител е да и верувам на нејзината проценка, но таа сама одлучува“. Сепак, веста беше не е добро примена од таткото.Чарли Шин (56) кој ја обвини поранешната сопруга за налогот на таа страна на нивната најстара ќерка.
Поранешната ѕвезда на серијата „Два и пол мажи“ изјавил за порталот „PageSix“: „Таа сега има 18 години и живее со својата мајка. Ова не би се случило под мој покрив“.
View this post on Instagram
Тој додал: „Не го одобрувам ова, но бидејќи не сум во можност да ја спречам, ја повикав да биде пристојна, креативна и да не го жртвува својот интегритет“.
Меѓутоа, ѕвездата од „Диви страсти“ уште еднаш застана во одбрана на својата ќерка, алудирајќи на рекламите за Плејбој кои ги правела низ годините, тврдејќи дека Чарли „не треба“ да ја осудува Семи за нејзиниот избор.
Фото: Принтскрин/Instagram