Видеото на кое мачката се обидува да го исплаши момчето ги насмеало социјалните мрежи

Неодамна на REDDIT беше објавено видео во кое момче и неговата мачка уживаат во прилично необична игра. Симпатичното дуо се брка по дома во играта „кој кого прв ќе исплаши“.
Во првиот кадар, мачката трча кон момчето и скока кога ќе дојде точно пред него. Во вториот кадар, момчето трча, а мачката чека во заседа и скока дури кога момчето е сосема блиску.


Корисниците на Reddit биле воодушевени од оваа игра: „Ова ме прави неописливо среќен. Им посакувам многу години забава и авантура“, „Мачки вежба за лов“, „Изгледа момчето успеа да ја исплаши мачката“, „Пријатели за цел живот “.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …