(ВИДЕО+ФОТО) Момче запрело автомобил и молел за помош: Исчезнал пред осум години а сега раскажал низ каков пекол минал!

Во модринки и многу слаб, пронајден е тинејџер како скита по улиците, откако, како што им рекол на полицајците им избегал на киднаперите. На полицијата и се претставил како Тимоти Пицен кој исчезнал во 2011. година, после самоубиството на мајката.
Момчето Тимоти Пицен, сега на 14 годишна возраст, е најден како скита по улиците на градот Њупорт во американската држава Кентаки.
Малиот Тимоти бил киднапиран во 2011. година во градот Аурора, во државата Илинои, а неговата мајка, во очај извршила самоубиство.


Детето им пришло на полицајците и им кажало дека успеал да им избега на двајцата киднапери, кои го држеле затворен цели 8. години. Во последно време го чувале во мотел во државата Охајо, а детето успеало да им избега и трчало колку што можело побргу цели два часа.
Така и’ влегол во државата Кентаки, кога го преминал мостот и влегол во градот Њупорт. Детето имало модринки по лицето и изгледало запуштено и вознемирено. Детето на полицијата им дало детален опис на киднаперите, кои според неговиот исказ, се набилдани бели мажи со тетоважи на пајак и змија на телото.


По разговорот во полицијата, детето било однесено во болница.

Полицијата од неговиот роден град Аурора, се уште не потврдува дали навистина станува збор за Тимоти или за измама. Тимоти исчезнал на 11. мај 2011 година, кога татко му го одвел тогаш 6.годишното момче на училиште, а требало да го земе неговата мајка, Еми Фрај Пицен.


Мајката го однела детето на тридневен одмор, биле во зоолошка и неколку водени паркови, за потоа да биде најдена мртва во мотел во Рокфорд. Полицијата регистрирала дека се пријавила во мотелот сама, без детето и дека извршила самоубиство со сечење на вените на рацете.


Пред да го изврши самоубиството, таа и пратила порака на бабата на Тимоти во која напишала дека го однела детето на безбедно место и дека ќе биде добро згрижен, но и додала дека „никогаш нема да го најдете“..
Tаткото на Тимоти изјавил дека во тоа време имал брачни проблеми со сопругата, но бил шокиран од веста за нејзиното самоубиство.

Бабата на Тимоти Пицен рекла дека семејстовто „внимателно се надева“ дека станува збор за нивниото исчезнато момче, но и дека го молат Бога агонијата конечно да биде завршена.
Неговиот татко пак признал дека имале сериозни брачни проблеми со сопругата, но дека искрено се надева дека неговиот исчезнат син е конечно најден.

Извор: CBS Chikago
Фото: Facebook, Aurora police

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …