(ФОТО) Искрено – Џејн Фонда за борбата со ракот:„Никогаш не сум помислила дека ќе живеам толку долго!“

На прашањето како напредува опоравувањето после болеста, Фонда вели:„Тоа е процес кој трае!“
Со децении Џејн Фонда (81) била синоним за здрав живот и вежбање. Оваа филмска дива и добитничка на Оскар покренала револуција во фитнесот кога во 1982. година издала ВХС касети со вежби.


Немало лице кое не се обидело „да ја доведе во ред“, Џејн Фонда. Меѓутоа, како минувале годините Џејн почнала да се соочува со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи и повеќекратни облици на рак.

„Имав рак“, открила глумицата за британски „Вог“. „Обожував сонце и сончање. Така што завршив со рак на кожата кој долги години го држев под контрола“.

Фонда открила дека имала и рак на дојка, и дека била на операција за да се отстрани канцерот и тоа пред самото доделување на Златен глобус во 2016. година.
„Излегувам од автомобил во чуден бел фустан со набори. Тоа е затоа што самошто сум имала мастектомија и морам да ги покријам завоите“, вели таа.
А кога станува збор за нејзиното здравје денес и опоравувањето, глумицата вели:
„Тоа е процес кој трае. Толку за тоа“.

Минатата година во текот на една емисија глумицата открила дека отстранила тумор од усната шуплина.
Иако „ги гази“ осумдесеттите, Фонда, и понатаму е изненадена колку ја боли телото.Таа тоа го припишува на остеопорозата која е наследна во нејзиното семејство.

„Факт е дека телото многу ме боли и тоа не само затоа што толку сум важбала, туку поради генетиката. Мојот татко и брат имаа остеопороза“.
„Исчезнува р’скавицата и потоа коската се потпира на коска, и тоа боли“, вели Фонда. „Но, живееме во време кога тоа може да се поправи“.
Иако и се заменети и двата колка и сега чека операција на коленото, Фонда сепак не запира.
Глумицата вели дека е благословена со шансата да остари.

 

„Никогаш не сум мислела дека ќе живеам толку долго. Многу сум немарна со оглед на тоа дека ми минуваат последните денови“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …