(ВИДЕО+ФОТО) Марија Мирковиќ, поранешната „Фрајла“, храбро ја турка соло кариерата со новиот хит „Моја душа“

“Моја душа” дефинитивно е новиот хит кој ќе се слуша

Во една прилика изјави дека радоста од создавање музика и музичките соработки се нејзино погонско гориво, а во последната година тоа и во целост го потврди. Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех.


This image has an empty alt attribute; its file name is marija-video-1.jpg

Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат.
Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш.


This image has an empty alt attribute; its file name is marija-video.jpg

Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна за припадноста кон една душа која ветува прегратки и припадност во моментите на најголема неволја.
Автор на спотот е Сандра Марковиќ, која со прекрасни кадри го следи текстот од песната сѐ до последната прегратка.
Песната инаку е продолжение на успешната соло кариера на Марија која ја стартуваше пред неполна година. Откако на минатогодишната Дора групата Камби го отпеа нејзиниот хит „Заљубљен“ веднаш беа прогласени за најголемото позитивно изненадување на тој фестивал. Песната оствари низа номинации меѓу кои и оние за Златно студио, Хит на годината на Народно радио, а прогласена е и за една од најстримуваните песни на годината.


Изминатиот период Марија го одбележа со бројни соработки особено пишувајќи за Алка Вуица со која, како што и најави, создава позитивни и енергични песни во кои се препознаваат сите жени. Соработува и со тенорот Мате Гргат и други изведувачи.

Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …