(ВИДЕО+ФОТО) ГО СОВЛАДАЛЕ ЕМОЦИИ – САЈМОН КАУЕЛ, НАЈСТРОГИОТ ЧЛЕН НА ЖИРИТО НА БРИТАНСКИТ „ИКС ФАКТОР“ се расплакал после последниот добротворен сингл за помош на детска болница!

И најстрогите имаат срце и душа но и слабост за детските проблеми…Токму тоа, синглот за помош на детска болница, го расплакало и вознемирило најстрогиот член на жирито на британскиот „Икс Фактор“…
Сајмон Кауел (60), кој важи за најстрог член на британскиот „Икс Фактор“, се расплакал среде емисија откако го гледал најновиот добротворен сингл со кој ќе се собираат средства за детска болница.


Откако го одгледал видеото, Сајмон не можел да каже ниту еден збор. Тој ги кренал очилата и плачел додека другите членови на жирито го тешеле. Членката на жирито, Никол Шерцингер (41), се обидела да го утеши со нежни зборови, а дотрчала и неговата девојка Лорен Силверман (42) за да го смири.



„Видовме неколку апсолутно неверојатни добротворни синглови низ годините. Да се биде дел од тоа е нешто што нè менува“, коментирал актерот Вес Нелсон (21).


Сајмон Кауел инаку е најплатен член на жирито во шоуто.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …