(ВИДЕО+ФОТО) ГЕРМАНСКИТЕ ПЛАЖИ НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ ПРЕПОЛНИ СО ТУРИСТИ:Побрзале да се „разладат“ и покрај предупредувањата на Ангела Меркел за корона вирусот

Поедини германски плажи на Балтичкото Море биле толку полни во текот на викендот што никој веќе не можел да влезе, пишува Дојче веле.
Како што се наведува, местата на морето бележат наплив на туристи, кои решиле да го поминат годишниот одмор во татковината.
Сончевиот викенд се совпаднал со почетокот на летните училишни празници во шест германски покраини, но германската канцеларка Ангела Меркел сака вирусот да продолжи да се сфаќа сериозно.
Во саботата, убавото време привлекло толку многу туристи на плажите на Балтичкото Море, што некои места, како што се Шарбојец и Хафрук, објавиле дека плажите се исполнети до последното место.
Бројот на посетители е ограничен заради правилата за далечина.


„Гостите кои доаѓаат се насочени да минуваат низ нашето место“, рекла Бетина Шафер, градоначалник на Шарбоец, град на околу 15. километри северно од Либек.
За време на викендот, плажите и паркинзите биле полни, така што само локалното население и туристите со резервации во хотели и станови можеле да влезат во местото.
Дури и таму каде што има места на плажите на Балтичкото и Северното Море, некои туристи не можеле воопшто да дојдат.
Имено, низа провинциите донеле одлуки дека граѓаните од округот, особено оние кои се погодени од вирусот корона, можат да останат во хотелите само доколку имаат свеж негативен тест за вирусот корона.

 


Со овие мерки последните денови се погодени повеќе од 600.000 луѓе од Гиттерлох и Варендорф, два окрузи од западниот дел на земјата, откако најголемата европска кланица стана ново жариште.
И во двата окрузи се вратени острите мерки, а еден производител на месо се нашол под остри критики за очајните услови во кои живеат и работат претежно новодојденци од Балканот.
Опасноста ниту малку не е мината, предупредила во саботата канцеларката Ангела Меркел.
„Сфатете го ова сериозно, затоа што е сериозно“, им рекла таа на граѓаните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …